Ким Кардашијан на Инстаграм се пофали со фотографија од детството. "Бебе К", напиша Ким со што успеала да ги збуни фановите.
Имено, многумина помислиле дека на фотографијата е ќерката на Ким, Норт Вест.
"Прекрасна е, иста како својата мајка", "Ќе биде иста како Ким кога ќе порасне", "Првично помислив дека ова е Норт", коментирале фановите, додека пак некои други сфатиле дека тоа е Ким на фотографијата па ѝ напишале дека отсекогаш била прекрасна.
"Чикаго најмногу наликува на тебе", беше еден од коментарите под фотографијата. Покрај Норт и Чикаго, Ким и Канје Вест го имаат и синот Сејнт.