Таа е официјално најубавата жена на светот: Филипинката е новата Мис Универзум

Кармин

17/12/2018

14:01

4.264

Големина на фонт

а а а

Во Тајланд вчеравечер се одржа 67-от натпревар по убавина "Мис Универзум", а овогодишната круна ѝ припадна на атрактивната Филипинка Катрионa Магнајон Греј која ги засенила натпреварувачките од дури 93 држави.

Австралиско-филипинската ТВ водителка и манекенка носела црвен фустан за кој објаснила дека е инспириран од вулканот на Филипините. 


Титулата на прва придружничка ја понесе Тамарин Грин од Јужноафриканската Република, а втора придружничка е Венецуелката Стефани Гутиерез. Во "топ 5" се наоѓаат и мисицата на Порторико, Кјара Ортега и претставничката на Виетнам, Хен Нје.


Катриона е четвртата Филипинка која ја освоила титулата на најубава жена на светскиот избор на убавина.

"Кога имав 13 години, мојата мајка сонуваше дека ќе го освојам Мис Универзум во црвен фустан. Кога ја видов по прогласувањето на победата, и двете плачевме", изјавила Греј.

Мисицата волонтира во хуманитарното здружение "Young Focus", а вклучена е во разни акции за освестување на младите на Филипини за ХИВ и СИДА.


"Сите Филипинци се горди на неа и нејзината убавина, самодоверба, нежност и интелигенција. Исто така се гордееме и на нејзината сила со која се носи против тешките предизвици. Таа успеа да му покаже на светот дека Филипинките знаат и можат да ги претворат соништата во реалност преку страст, одлучност и тешка работа", изјавил претседателот на Филипините, Родриго Дутерте.


Меѓу 20-те најубави се пласираа Австралија, Белгија, Бразил, Канада, Костарика, Куракао, Велика Британија, Унгарија, Индонезија, Ирска, Јамајка, Непал, Филипини, Полска, Порторико, Јужна Африка, Тајланд, САД, Венецуела и Виетнам.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk