Се врати старата Мајли? Ризичната облека на пејачката е главна тема на Твитер

Кармин

17/12/2018

13:47

2.506

Големина на фонт

а а а

Контроверзната пејачка Мајли Сајрус, често устпева да го подели мислењето на интернет корисниците со својот, во најмала рака необичен аутфит.

Овој пат не беше ништо поразлично, со оглед на тоа дека Мајли во една емисија се појави со потполно отворена јакна и ништо под неа!

Сепак, пејачката немала никаква непријатна ситуација, бидејќи очигледно добро ја залепила јакната за градите. Токму тој успех покренал лавина урнебесни коментари на Твитер, кои многу брзо станаа хит.

##https://twitter.com/mileygrunge/status/1074248938709024768##

„Никому не сум му верувал толку, колку што Мајли Сајрус ѝ верува на двострано лепливата трака“, е еден од коментарите кои први се појавија после нејзиниот настап.

После тој, следеа и бројни други шеги, на кои во главен фокус им било тоа дали јакната сепак ќе се лизне и ќе се одлепи од градите на пејачката.

Иако Мајли без проблеми успеала да го изведе настапот во откопчана јакна, се надеваме дека ова нема да стане нов моден тренд или враќање на стилот на Мајли, кој го носеше пред неколку години, а притоа мислиме на несекојдневните комбинации кои во 2015-та година беа нејзиниот заштитен знак.

##https://twitter.com/devstar2003/status/1074171371171823617##



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk