ДОМ: Новиот закон за спречување и заштита од дискриминација е во интерес на сите граѓани

Макфакс

14/12/2018

20:33

1.554

Големина на фонт

а а а

ДОМ преку соопштение изрази разочарување што на денешната седница на Комисијата за труд и социјална политика во Собранието не бил усвоен предлогот на пратеничката Маја Морачанин. Законот за спречување и заштита од дискриминација да биде ставен на дневен ред и да се отвори дебата по ова законско решение, велат од ДОМ.

„Апелираме до сите членови на Комисијата, независно од нивната партиска припадност, да овозможат законот да се разгледува како прва точка на следната седница на Комисијата. Поминаа 6 месеци откако законот за спречување и заштита од дискриминација беше доставен до Собранието на Република Македонија од страна на Министерството за труд и социјална политика. Со него се врши усогласување со правото на Европската Унија и почитување на меѓународните стандарди од оваа област“, велат од ДОМ.

Целта на законот, додаваат од партијата, е обезбедување на принципот на еднаквост и спречување и заштита од дискриминација во остварување на човековите права и слободи.



Спонзорирани линкови

Маркетинг