Мицкоски: Заев бега од јавно соочување затоа што нема оправдување за неговата неспособност и неработење

Макфакс

14/12/2018

19:58

1.838

Големина на фонт

а а а

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, оствари средба со членовите и граѓаните на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Македонска Каменица.

Мицкоски на средбата се осврна на повеќе аспекти кои се значајни за граѓаните на Република Македонија. Тој најпрво истакна дека актуелното раководство на Владата на СДСМ наместо проекти и реформи кои им ги ветувале, на граѓаните им донеле црнила, омраза и гнев. 

„Црн е животот на докторите. Им ветуваа на докторите плата од 1 500 евра, и нема ништо од тоа. Црн живот и за матичните лекари. Капитацијата што им ја ветуваа им ги изедоа трошоците на владата за набавка на жардињери и цвеќиња, па нема зголемен бод. Црн е животот на младите. Ветуваа студентски град, нови објекти, квалитетно образование. Ништо од тоа нема. Нема Стопанска комора, нема бизнисмен кој се фали. Црно до црно. Повратот на ДДВ касни, зголемените даноци ќе ги зголеми трошоците за бизнис. Домашното стопанство е во криза. Црни денови се и за пензионерите. Нема покачување на пензиите, напротив се по некое намалување или кратење ќе се случи“, вели Мицкоски.

Според него, државата доживува колапс и фијаско од Зоран Заев, потенцирајќи дека во моментот Република Македонија ја води премиер кој што не знае ни што зборува, ниту пак што прави, односно како што рече тој Зоран Заев не може самиот себе да се организира, а камоли да ги организира и води институциите.

Тој го спомена меѓудругото, како што рече бегањето на Зоран Заев од јавно соочување пред граѓаните на Република Македонија, потенцирајќи дека Заев бега затоа што нема оправдување за неговата неспособност и неработење.

„Подготвен сум и за ова да излезам и да дебатирам и затоа го повикав пред некој ден бидејќи како опозиционер се силеше, викаше, се удираше во градите и викаше ајде ред е во една држава во еден плурален демократски амбиент да имаме дебата помеѓу премиерот и претседателот на опозицијата, затоа и пред некој ден го повикав пред платото на Владата на Република Македонија на оној протестен марш, ајде реков почитуван премиер да излеземе јас и ти, очи во очи бирај ти место каде сакаш, бирај новинари, бирај теми на кои што сакаш да разговараме“, изјави Мицкоски.



Спонзорирани линкови

Маркетинг