Шест тони хашиш и над три милиони таблети „каптагон“ запленети на Крит

Макфакс

14/12/2018

19:34

1.768

Големина на фонт

а а а

Дрога, чија вредност при продажба на улица надминува 100 милиони евра, била пронајдена на брод запленет во пристаништето Ираклион на Крит, објавија грчките власти.

Според крајбрежната стража, бродот „Нока“ под сириско знаме транспортирал повеќе од шест тони хашиш и над три милиони таблети „каптагон“, позната и како дрога што ја земаат терористите од ИСИС. Дрогата била скриен во контејнери на бродот.

Единаесетчлената екипа, во која имало и Сиријци, негирала дека знаела за нелегалниот товар.



Спонзорирани линкови

Маркетинг