Четири сигурни показатели дека тој е "оној вистинскиот" за вас

Кармин

14/12/2018

15:53

2.063

Големина на фонт

а а а

Без разлика дали допрва започнувате љубовна врска или веќе ја прославувате вашата 10-годишнина, сигурно барем еднаш сте се запрашале дали тој е "оној вистинскиот".

Понекогаш одговорот на тоа прашање е толку очигледен што веќе сте убедени дека сте ја пронашле својата сродна душа, но во некои случаи е потребно дополнително уверување.

Доколку спаѓате во втората категорија, овие четири знаци конечно ќе ви потврдат дека токму тој е вашиот принц на бел коњ:

Внимателен е

Малите романтични гестови се секојдневие, а кога и да сте болни или да се чувствувате лошо, тој е спремен да направи се што треба за барем малку да ви го разубави денот? Ваквите знаци на внимание се доказ дека се грижи за вас и сака да сте среќни и дека никогаш нема да ве изневери, дури и во најтешките моменти од вашиот живот.


Нежен е

Ве прегрнува пред спиење, секогаш ве дочекува и испраќа со бакнеж, а кога и да сте во јавност ве држи за рака? Паровите кои се склони кон физички гестови честопати се многу посреќни во врската од оние кои избегнуваат контакт. А кога некој на дневна база ви искажува нежност, тоа поволно влијае и на вашето ментално здравје.

Вашите кавги се "добри"

Начинот на кој комуницирате за време на кавгите може да биде клучен знак за вашиот статус во љубовната врска. Во една здрава врска, секој партнер прво ќе ги послуша аргументите на другиот, а потоа ќе го изнесе своето мислење, чувства и погледи. Секако, тоа не значи дека треба да се откажете од врската доколку не ви оди на комуникациското поле. Тоа е всушност еден од најмалите љубовни проблеми кои можете да ги имате бидејќи навистина лесно може да го решите со терапија за парови или едноставно со еден искрен и подробен разговор со партнерот.


Ги дели вашите вредности и цели

И додека е сосема нормално да имате поинакви интереси од вашиот партнер, сепак вашите долгорочни цели треба да се поклопуваат. Разликите се секогаш добри и прифатливи, но не и кога се во прашање некои големи животни одлуки како основање на семејство или стапување во брак. А доколку вашите животни вредности и долгорочни амбиции се поклопуваат, тогаш можете да здивнете бидејќи тоа е уште еден знак дека сте го пронашле вистинскиот.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk