Анџелина Џоли отворено му кажала на синот дека Бред не сакал да го посвои: “Бред беше страшно лут“

Точка

14/12/2018

11:59

3.466

Големина на фонт

а а а

Странските медиуми пренесуваат една непријатност од животот на некогашниот најубав пар во Холивуд.

Имено, како што пренесува порталот „Us Weekly“, Анџелина Џоли наводно му кажала на 15-годишниот посвоен син Пакс, дека Бред Пит никогаш не сакал да го посвои.


За работите да бидат полоши, актерката му рекла на синот дека Бред бил страшно лут кога дознал дека таа продолжила со процедурата за посвојување.

„Ова многу го наруши односот на Пакс и Бред, иако актерот ги негираше овие тврдења“, тврди изворот за „Us Weekly“.


Бред бил загрижен, бидејќи Пакс тогаш имал 3 години и не го зборувал нивниот јазик. Сето тоа се случувало една година откако го добиле своето прво заедничко дете, ќерката Шајло, која ја одгледуваат како момче.

Анџелина тогаш тврдела дека повеке му е потребна на Пакс, отколку на Шајло.

„Поради ова за малку ќе раскинеа“, тврди изворот. Парот има шест деца, од кои три се посвоени. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг