Позната е по бурниот живот, а сега ќе заработува од тоа: Линдзи започнува со ријалити шоу кое ќе се снима во ноќниот клуб кој го купила во Миконос

Кармин

14/12/2018

09:38

3.056

Големина на фонт

а а а

Линдзи Лохан после скандалите поврзани за нејзиниот приватен живот одлучила да направи сопствено ријалити шоу. Познатата холивудска глумица и пејачка откри дека отворила ноќен клуб во кој потоа ќе се одвива снимањето на ова шоу.

Имено, таа е позната по бројните скандали, а како што делува, своите луди забави планира да ги уновчи. 

"Поминав низ сешто во животот. Моите излегувања во клубовите секогаш ме доведуваа во проблеми и зошто да не отворам мој клуб?", изјави таа за странските медиуми.


Така дошла до идеја да започне со снимање на ријалити шоу, а клубот го отвори во Грција на популарниот остров Миконос. Во новото ТВ шоу кое го најави, полуголи шанкери и хостеси ќе бидат кандидатите кои ќе се натпреваруваат за да станат дел од нејзиниот тим.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk