Нема противмерки или ефикасни одбрани од новата генерација на суперсоничните оружја кои ги развиваат Русија и Кина, пишува во извештаите на американскиот кабинет за одговорност (GAO), пишува Спутник.
"Кина и Русија сакаат хиперсонични оружја поради нивната брзина, висина која можат да ја постигнат и повеќе множности за маневар. Такви, тие можат да ги надминат поголемиот дел од системите за противвоздушна одбрана и да ја подобрат можноста за конвенционални и нуклеарни напади. Не постојат соодветни противмерки", пишува во извештајот кој е објавен во четвртокот.
National Security: Long-Range Emerging Threats Facing the United States As Identified by Federal Agencies https://t.co/8U9x7PTRcb
— U.S. GAO (@USGAO) December 13, 2018
Во него исто така се наведува дека и Русија и Кина развиваат анти-сателитски оружја кои ќе ги загрозат американските вселенски операции. Пекинг наводно сака тоа да го постигне користејќи нови сајбер и електронски средства.
Извештајот идентификувал 26 долгорочни, но итни закани за САД во областите каде се развиваат воените средства, дуалните технологии и демографските промени.