Актерката Џулија Луис Драјфус, отворено зборува за најтешките денови во животот и борбата со ракот.
Рекла дека за време на тешките денови, после дијагнозата која ја добила минатата година во декември, одбивала да дозволи црни мисли да ја прогонуваат иако била исплашена бидејќи не го знаела крајниот исход.
Во моментите кога ѝ било тешко, со своите фанови го споделувала секој чекор од битката и често истакнувала дека има неверојатна поддршка од сите драги луѓе.
„Не размислував дали утре ќе умрам. Воопшто не им дозволував на мислите да се насочуваат натаму, иако најмногу се плашев од тоа. Во такви ситуации се наоѓав многу ретко, и траеа кратко“, рекла Џулија.
Ѕвездата на хумористичната серија „Потпретседателка“, објавила дека заболела од рак на дојка, само еден ден по доделувањето на „Emi“ наградите, на кои влегла во историјата како најнаградувана актерка досега.
„Знаете ли колку цврсто мора да ги држите јажињата кога коњот галопира? Така јас се чувствував и цврсто ги држев јажињата. Имав многу тешка година, но успеав да го надминам тоа“, рекла за „New York Times“.
57-годишната актерка тврди дека прво сакала нејзината борба со ракот да остане приватност, но поради тоа што морала да бара слободни денови од снимање, одлучила сама да објави за тоа.
„Секако дека не би споделила јавно таква лична вест, но одлучив на болеста да ѝ се спротиставам со доза хумор и многу ме изненади поддршката и реакцијата“, додала познатата актерка, која се вратила на снимањата на политичката комедија на почетокот од оваа година.
Откако ја направила последната хемотерапија, актерката се вратила на работа, а неодмна првпат јавно зборувала за борбата против ракот на дојката.