Ако се жалите поради студот, погледнете го ова видео: Еве како изгледа почетокот на денот на -39 во Русија

Точка

13/12/2018

14:56

2.226

Големина на фонт

а а а

Во Македонија овој декември температурите се повисоки од просечните за оваа доба од годината, а засега се забележани мали врнежи од снег претежно на планините.

Температурите овие денови веќе и се спуштија под нулата, а доколку и тоа е премногу за вас, сетете се дека во одредени делови од планетата температурата паѓа и до -50 Целзиусови степени.

На социјалната мрежа Твитер е објавено видео кое што е снимено во Јакутск, еден од најстудените градои на светот. На снимката може да се види дека и на -39 Целзиусови степени, луѓето без проблем ги извршуваат секојдневните обврски, одат на работа, ги носат своите деца на училиште, ги возат своите автомобили.

Инаку, Јакутск е главниот град на Република Јакутија. Според последниот попис од 2010-та година, во градот живееле 269 илјади жители. На зима, овој град е еден од најстудените градови на светот кои што имаат повеќе од 100 илјади жители.


Поради студеното време, но и пермафростот, односно мразот во самата земја, куќите во овој град се градат на бетонски темели, а за да се добие вода, мора да се копа и стотици метри во длабочина. Најголемиот дел од водата за потребите на градот се добива од реката Лена.

Инаку, јануари е најстудениот месец во Јакутската област со просечна температура од -43,2 Целзиусови степени.



Спонзорирани линкови

Маркетинг