Сторми Даниелс ја изгуби битката, мора да му плати 293.000 долари на Доналд Трамп

Точка

12/12/2018

20:38

4.566

Големина на фонт

а а а

Сторми Даниелс во 2006 година ја поминала ноќта со американскиот претседател Доналд Трамп и неодамна го тужеше, бидејќи ѝ се заканувал дека не смее јавно да зборува за ноќта која ја поминале заедно.

Случајот сепак излезе на суд и ѝ било наредено дека на Трамп треба да му плати 293.000 долари. 

Адвокатот на Трамп, Чарлс Хардер од судницата излезе прогласувајќи апсолутна победа, со оглед на тоа дека Сторми мора да плати 75 % од судските трошоци.


Чарлс од судот првично побарал Сторми да плати 800.000 долари откако нејзината тужба била одбиена во октомври.

Сторми одлучила да го тужи Трамп откако непознат маж ѝ пришол додека била во парк со своето дете и ѝ се заканувал дека не смее да открива детали за односот со Трамп. Таа дури сподели цртеж на кој се гледа како изгледа наводниот човек кој ѝ пришол. Трамп цртежот жестоко го осуди по пат на Твитер коментирајќи го како лага, тврдејќи дека тој човек на постои.


Сторми потоа го тужеше за напад на социјалната мрежа, но судот пресуди во корист на американскиот претседател истакнувајќи дека имал право на слобода на говор и дека не прекршил никаков закон.

Првиот адвокат на Доналд Трамп, Коен ќе плати 130.000 долари, бидејќи ја подмитил Сторми и уште една женска личност да молчат за односот со Трамп.




Спонзорирани линкови

Маркетинг