Поминаа 9 години од смртта на преубавата глумица, а причината и денес е мистерија

Кармин

12/12/2018

13:49

4.576

Големина на фонт

а а а

Британи Марфи беше американска глумица и пејачка. Нејзината мајка Шерон има Ирско-источноевропско потекло, а нејзиниот татко бил Италијанец.

Нејзините родители се развеле веднаш после нејзиното раѓање, а подоцна со татко ѝ речиси и воопшто немала контакт. 

Од 1995 година до денот кога почина оствари околу 30 улоги. Партнери ѝ биле Анџелина Џоли, Дакота Фенинг и Еминем. Најпозната е позната по филмовите: "Just Married", "Sin City", "8 Mile".


Британи била во врска со Ештон Качер, а во 2005 година се верила со продуцентот Дум Макалус. Сепак, после една година одлучиле да се разделат, а во 2007 година се омажила за Сајмон Монџек.

Во последните три и пол години од бракот мајката на Британи се преселила во нивната куќа и живееле заедно, а на почетокот на 2000 година Британи толку многу ослабела што многумина сметале дека е зависничка од дрога. 


Глумицата Британи Марфи починала на 32 години на 20 декември 2009 година поради акутно воспаление на белите дробови во комбинација со анемија и општо ослабнат организам поради користење на различни медикаменти.

Постои можност дека била отруена, а тоа се испитува и денес. Пет месеци подоцна починал и нејзиниот сопруг, осум години постариот Сајмон Монџек, под исти околности: исто така анемија и воспаление на белите дробови.

Во тогашниот извештај на докторите пишува дека починала токму од тие причини.


За смртта на Британи постојат толку многу теории што е тешко да се набројат, а некои се неверојатни. Многу прашања останале без одговор и постојат многу луѓе кои сакаат да добијат одговор на истите.

Луѓето едноставно сакаат да ја дознаат вистината и сметаат дека не е фер овој случај да остане неиспитан.

Со оглед на тоа дека и нејзиниот сопруг починал на ист начин станува збор за убиство, а помеѓу осомничените лица е и мајката на Британи. Еден медиум тврдеше дека комуницирал со починатата глумица, која открила дека во бракот со Сајмон била потчинета, искористена и изманипулирана.


Една од популарните теории е и тоа дека глумицата била отруена со отров за глувци. Со оглед на тоа дека куќата на била прогласена за место на злосторството, тие опции на крајот не биле подлабоко истражувани.

Нејзиниот татко смета дека таа е наместена и дека Британи била убиена со отров за глувци и дека е убиена по наредба на владата, бидејќи ја поддржувала Џулија Дејвис која даваше изјави против Министерството за внатрешни работи и поседувала корумпирана документација.

Сепак, одговори и понатаму нема.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk