Димовски до Тевдовски: Престанете со арогантниот однос кон Собранието

Макфакс

11/12/2018

14:02

914

Големина на фонт

а а а

Министре Тевдовски, до кога ќе го практикувате овој арогантен однос кон Собранието? Ја напуштате дебатата без збор. Со овие зборови пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, му се обрати на министерот за финасии, откако тој рече дека мора да ја напушти седницата и да замине на седница на Влада.

Тевдовски од нога, на излегување го сослуша Димовски, на инсистирање на претседателката на комисијата, Лилјана Кузмановска.

„Предлагате закон што е во доменот на левичарското фантазирање и не ви трепка око. Демек немате гајле за јазот меѓу богатите и сиромашните, продавање пуфки“, рече Димовски.

Тевдовски не одговори на прозивките од пратеникот, пред да замине само рече дека од тука натаму на прашањата ќе одговара неговата заменичка, Ширлете Елези.



Спонзорирани линкови

Маркетинг