Руските бомбардери пристигнаа во близина на САД! Започнуваат големи воени вежби во Венецуела!

Точка

11/12/2018

15:49

3.841

Големина на фонт

а а а

Само во последните неколку години, Русија ѝ продаде на Венецуела воена опрема вредна повеќе стотина милиони долари, иако во оваа јужноамериканска земја владее екстремна сиромаштија.

Руски бомбардери и војници синоќа пристигнаа во Венецуела каде што ќе бидат одржани заеднички воени вежби со венецуеланската армија, соопшти министерот за одбрана на Венецуела, Владимир Падрино Лопез.

„Мораме да им кажеме на народот на Венецуела, но и на целиот свет, дека како што соработуваме во разни подрачја за развојот на двата народи, така се подготвуваме и за одбрана на Венецуела“, изјави генералот Падрино Лопез.

„Тоа ќе го сториме со нашите пријатели, затоа што на светот имаме пријатели кои што го бранат односот на рамнотежата и квалитетите меѓу државите“, изјави министерот на меѓународниот аеродром во Каракас каде што беа присутни стотици руски пилоти кои што пристигнаа во Венецуела со неколку воени авиони.


Руската армија потврди дека во Каракас ќе пристигнат два бомбардери од типот „Ту-160“, еден транспортен авион од типот „Ан-124“ и еден авион од типот „Ил-62“, но од Москва не открија колку долго ќе се задржат авионите во Венецуела.

Министерот за одбрана на Венецуела потсети дека тие авиони веќе биле во нивната земја во 2013-та година, но сега се работи за „ново искуство“.

Тој не прецизираше колку долго ќе траат воените вежби кои што ги опиша како размена на оперативни летови за подигање на нивото на оперативноста на системите за воздушна одбрана на двете земји.


Министерот Владимир Падрино Лопез прецизираше дека тие маневри се дел од билатералната соработка на двете земји. Инаку, во последните неколку години, Русија ѝ продаде на Венецуела воена опрема во вредност од неколку стотици милиони долари.

Министерот исто така додаде дека „никој не треба да се плаши од присутноста на руските бомбардери на територијата на Венецуела, затоа што тие се творци на мирот, а не на војната“.

Инаку, владата на Венецуела редовно предупредува за евентуални планови на Американците за воена инвазија на нивната земја.



Спонзорирани линкови

Маркетинг