Хејли Бибер, донеодамна Болдвин, им се обратила на сите кои го искритикувале нејзиниот брак со Џастин Бибер, велејќи дека луѓето мора да престанат да се осудуваат едни со други бидејќи светот веќе е преполн со омраза и болка.
Таа една недела не објавувала ништо на социјалните мрежи, а судејќи според нејзините зборови, тоа ѝ одговарало.
"Неследењето на Инстаграм е најдобрата работа. Секогаш кога правам пауза, се чувствувам многу подобро и посреќно. Истата секунда кога се враќам на Инстаграм, станувам тажна и анксиозна. Ве молам, не сфаќајте ме погрешно, Инстаграм е неверојатна алатка и одличен начин како да останете во контакт со останатите, меѓутоа негативноста е многу гласна. Тешко е да се сосредоточите на вашата добробит и менталното здравје кога, секој пат кога ќе отворите Инстаграм, некој ја уништува вашата работа, вашата врска или во суштина било која работа во вашиот живот која е позитивна", напишала Хејли.
Популарната манекенка истакнала дека нема да дозволи да се чувствува лошо поради коментарите на критичарите.
"Мораме да направиме чекор назад и да сфатиме дека мора да пружаме повеќе љубов и охрабрување едни кон други, наместо постојано да ги осудуваме луѓето. Нема да им дозволам на луѓето да се чувствувам како да правам нешто погрешно само затоа што уживам во животот и затоа што сум среќна. Во овој свет има доволно омраза и болка и последното нешто што нѝ е потребно е уште поголема негативност, омраза и поделба", заклучила сопругата на Џастин.
За потсетување, Хејли се венчаше со познатиот канадски пејач во септември, по повеќемесечните гласини за нивната веридба и венчавка.