Има кратка брада, тетовирани бицепси и црвени панталони: Од овој Дедо Мраз секоја би посакала да добие подарок

Точка

07/12/2018

21:28

5.429

Големина на фонт

а а а

Дедо Мраз овој Божиќ одлучи да не' потсети дека староста не мора да значи дека не можете да бидете секси.

58-годишниот Пол Орчхард од Ливерпул е избран за Дедо Мраз, а она што е интересно е дека тој има многу пократка брада, тетовирани бицепси и облечен е во црвени панталони. 


Жените се просто воодушевени од фигурата на Пол, а рекламната кампања била покрената од страна на една студија која покажала дека една петтина од жените во Обединетото Кралство сметаат дека новиот Дедо Мраз им е физички привлечен.

Како што стои во студијата, на жените најмногу им се допаѓа неговиот пријателски изглед и неговата насмевка, а кога станува збор за физичкиот изглед, најмногу им се допаѓала брадата, седата коса и неговото тело.


"Да се биде Дедо Мраз е еден од најзабавните делови од мојата работа, а јас сум воодушевен од тоа како изгледаат фотографиите. Тоа всушност покажува дека не мора да престанете да се забавувате иако стареете".




Спонзорирани линкови

Маркетинг