Легендарниот Матеус ја откри причината за слабите настапи на Баерн Минхен, а таа не е Нико Ковач

Дерби

06/12/2018

21:15

2.309

Големина на фонт

а а а

Легендарниот поранешен фудбалер на Баерн Минхен, Лотар Матеус истакна дека оние кои го напаѓаат тренерот Нико Ковач за слабите резултати на тимот треба подлабоко да ја разгледаат ситуацијата.

Германецот тврди дека Баерн Минхен има слаби резултати само поради грешка на управата на клубот која не донела играчи кои се желни за успех. Наводно, според Матеус, актуелните играчи се презаситени од победи и трофеи, па немаат никаков дополнителен мотив за на секој натпревар да го даваат максимумот за клубот.

-Бундеслигата секогаш е интересен проект. Со сигурност најдобриот тим во Германија е Баерн Минхен кој освојуваше се во последните шест години. Тие имаат играчи кои играа во сите шест години како Робен, Рибери, Боатенг, Милер. Времињата се менуваат, фудбалот станува побрз и побрз, а се повеќе доаѓа и нова, млада генерација. Најголемата грешка во Баерн Минхен е направена пред почетокот на сезоната кога не беше направена промена во играчкиот кадар.

-Сега, чекор по чекор тие се обидуваат да е вратат. Баерн има многу млади играчи, а Нико Ковач како тренер мора да им даде повеќе шанса за да играат.

-Нико го има Баерн во неговата крв. Долги години играше во клубот, во Бундеслигата, а минатата година заврши одлична работа со Ајнтрахт Франкфурт. Тој беше селектор и на Хрватска, па има искуство работејќи со ѕвезди. Но Баерн Минхен е нешто специјално, а за тоа него му треба поголема поддршка од луѓето кои работат во клубот. За мене, грешката е кај Баерн Минхен кој не ги промени играчите на почетокот на сезоната. Ковач мора да води играчи кои освоија се во претходните години и се презаситени од титули- заврши Лотар Матеус.



Спонзорирани линкови

Маркетинг