Давидовиќ: Партиски структури ја презеле командата врз МВР на 27 април

Макфакс

06/12/2018

16:59

921

Големина на фонт

а а а

Министерството за внатрешни работи на 27 април останало обезглавено. Командата ја презеле определени партиски луѓе, изјави Звонко Давидовиќ, адвокат на обвинетиот за упадот во Собранието, Александар Василевски-Нинџа, кој денеска даде исказ дека упадот бил организиран во штабот на ВМРО-ДПМНЕ.

Адвокатот вели дека Василевски тоа го кажал и на распит во Обвинителството за гонење организиран крминал и на 14 јуни.

„Овој исказ, за разлика од она што го тврди Обвинителството, е даден на 14 јуни 2018 пред обвинители и буквално е повторен. Ова само докажува дека синџирот на командување на МВР и хиерархијата од полициско командување се префрлува на партиско-полициски структури и служби и дека буквално во тој миг МВР останало обезглавено, а партискиот врв, определени луѓе, ја презеле командата врз МВР заради заштита на свои интереси“, рече Давидовиќ.

На новинарско прашање дали можеби Василевски се спогодил со Обвинителството, адвокатот рече дека не постои пазар.

„Мојот клиент сè уште е во притвор за разлика од сите други со понудена гаранција од 800 и нешто илјади евра, така што, повторно кажувам, на 14 јуни го даде истиот исказ пред Обвинителството. Не постои тука пазар, приказната е иста“, рече Давидовиќ.



Спонзорирани линкови

Маркетинг