Макрадули поставува печки во подрачни училишта, тоа бил планот за чист воздух

Макфакс

06/12/2018

15:56

856

Големина на фонт

а а а

Граѓаните од трите најзагадени општини – Ново Лисиче, Ѓорче Петров и Гази Баба – нема да имаат никаков податок за чистотата на воздухот сè додека Владата не обезбеди пари за поправка на дотраените делови.

Заменик-министерот Јани Макрадули при пуштање во употреба печка на пелети во училиштето во Долно Лисиче изјави дека станиците ќе бидат поправени во 2019 година, но не прецизира точно кога.

„Се работи за стар дотраен инструмент, еве, конкретно, во Лисиче, кој не ги мери ПМ 10-честичките. Не бегаме, ниту се криеме од граѓаните, потребно е време за санација и ветувам дека во 2019 ќе функционираат сите станици“. Ние правиме напори со министерот на Република Србија и други партнери да се најде привремено решение“, рече Макрадули.

Дотогаш за загаденоста ќе се воделе во согласност со европските параметри за загаденост и временската прогноза, кои ќе биле репер за воведување итни мерки, информира тој.

За заемник-министерот Макрадули, поставувањето печка во мало подрачно училиште не е парцијално решение, туку тоа било дел од стратегијата за справување со загадувачите.

„Ова не е ад хок решние. Знаете, клучен извор за затоплување во јавните институции е нафтата и ние, еве, го правиме тоа, ќе ги замениме со екогориво“, рече тој.

Заменик-министерот избегна конкретно да одговори зошто сè уште нема санкции против големите загадувачи иако во предизборната кампања од владејачката партија твредеа дека знаат кои се загадувачите и дека ќе бидат казнети. За една и пол година, досега имаше смао една казна за депонијата „Дрисла“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг