Аксел Витсел: Сакаме да ја прекинеме доминацијата на Баерн

Точка

06/12/2018

15:54

871

Големина на фонт

а а а

Лошиот старт на Баерн Минхен во Бундес лигата на најдобар можен начин го искористи екипата на Борусија Дортмунд која се наоѓа на чело на табелата со седум бода повеќе во однос на Баварците.

„Даваме се од себе за да ја прекинеме доминацијата на Баерн. Можеби звучи како клише, но навистина нема потреба да ја поставиме за цел титулата. Сезоната ќе трае уште долго, мислиме од еден на друг натпревар“, изјави Витсел.

И самиот Витсел во минатото беше на прагот на трансфер во Баерн Минхен, големиот ривал на неговиот актуелен клуб.

„Додека играв во Кина минатата година, Карло Анчелоти го контактираше мојот тогашен тренер, покажа интерес и се информираше за трансферот. Капело сепак му рече дека нема да ме пушти да си одам и така сето тоа пропадна“, изјави Витсел.



Спонзорирани линкови

Маркетинг