СДСМ: Растот на БДП од 3 отсто во третиот квартал е доказ дека Владата ја изведе еконoмијата на прав пат

Макфакс

06/12/2018

14:27

671

Големина на фонт

а а а

Растот на БДП од 3 отсто во третиот квартал од 2018 е потврда за успешноста на економските политики на Владата, велат од владејачката СДСМ.

Оттаму се повикуваат на последниот официјален податок на Државниот завод за статистика, што покажува раст на Бруто домашниот производ од 3 отсто во третото тримесечје.

„За разлика од овој раст во последниот квартал, за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ економијата бележеше пад од -1,3 отсто. За нешто повеќе од една година, Владата предводена од СДСМ успеа да ја стабилизира економијата и да ја придвижи во вистински правец“, стои во партиското соопштение во кое се додадава дека растот на економијата покажува оти економските политики даваат резултат.

Според СДСМ, ваквиот позитивен тренд на раст на економијата дополнително ќе се интензивира по влезот во НАТО и по започнување на пристапните преговори за членство во ЕУ.



Спонзорирани линкови

Маркетинг