Американците покажуваат „мускули“: За прв пат од Студената војна воен брод се приближува до овој руски град...

Точка

06/12/2018

17:02

2.630

Големина на фонт

а а а

За прв пат од Студената војна, американски воен брод се приближи до руската поморска база во Владивосток на Далечниот исток, а истовремено се појавија информации дека уште еден воен брод се подготвува да влезе во водите на Црното море.

Американскиот воен разурнувач пловел во близина на рускиот брег на Далечниот исток, во близина на воената база на руската Пацифичка флота во Владивосток – ова е прво вакво појавување на американски воен брод на овој простор уште од времето на Студената војна.

Истовремено, пристигнуваат информации, како што пренесува руската новинска агенција „РТ“ дека еден американски воен брод штотуку се подготвува за влегување во водите на Црното море во моментите додека се уште трае напнатоста поради неодамнешниот инцидент помеѓу Украина и Русија.


Што се однесува до минувањето на американскиот воен брод во близина на Владивосток, се огласи портпаролкат на американската Пацифичка флота, Рејчел МекМар, која што истакна дека американскиот воен брод USS MCCampbell поминал во близина на заливот Петар Велики за да „ја нагласи слободата на пловење во овој регион“.

Имено, Соединетите Американски Држави не ги признаваат одредени територии за Руски во Јапонското море, па според воените аналитичари, властите од Вашингтон со овој потег само сакаат да ѝ покажат на Москва мускули.


Инаку, ова е уште една американска операција во рамките на „слободата на навигација“, односно операцијата “FONOP”, нешто што во последно време најмногу е насочено против Кина во водите на Јужното кинеско море.

Сепак, кога станува збор за Русија, последниот пат кога американската воена морнарица изведе “FONOP” операција беше кон крајот на Студената војна во 1987-ма година, а сега доаѓа после руската агресија во водите на Црното море кога руската крајбрежна стража нападна и заплени три украински воени бродови и ги уапси украинските морнари.



Спонзорирани линкови

Маркетинг