Владата на Луксембург планира од идното лето да го укине плаќањето на превоз во возовите, трамваите и автобусите и така да стане првата земја на светот со бесплатен превоз за своите граѓани.
Оваа одлука ја донесе повторно избраната коалициска влада на чело со Хавиер Бетел чиј што приоритет е животната средина во оваа мала земја.
Освен воведувањето на бесплатен јавен превоз за сите граѓани во оваа земја, владата исто така планира наскоро да го легализира канабисот и да воведе два нови државни празници.
Ова лето владата на Луксембург веќе воведе бесплатен јавен превоз за секое дете и за сите лица помлади од 20 години, а учениците од средните училишта имаат бесплатно возење од училиште до нивните домови.
Досега, вработените лица во градот плаќаа две евра за два часа возење со јавен превоз. Тие два часа ги покриваа речиси сите локации во земјата, со оглед на тоа што Луксембург е една од најмалите земји на светот со површина од само 2,590 квадратни километри.