Првиот човек на Интер ја откри главната цел на клубот во оваа сезона

Дерби

06/12/2018

11:22

856

Големина на фонт

а а а

Тимот на Интер во петок го очекува дербито со Јувентус во Серија А, а во пресрет на овој натпревар во кој „нероаѕурите“ ќе влезат со минус 11 бода во однос на лутиот ривал од Торино една интересна и искрена изјава даде првиот човек на клубот, Стивен Жанг.

Жанг беше сосема отворен и директен и ја откри главната цел на составот од Милано во актуелнава кампања.

- Секогаш сум сигурен. Ние сме подготвени, треба да се подобриме и да играме подобро оваа сезона од минатата за да победиме: тоа е нашата цел. Треба да бидеме сигурни и да размислуваме позитивно. Јуве се многу силни, и фрустрирачки е што на крајот од сезоната секогаш победуваат. Реално се надевам дека Интер ќе заврши барем втор, но ако морам да сонувам тогаш зошто да не мислам на нешто повеќе? – истакна Жанг.



Спонзорирани линкови

Маркетинг