Одличниот Кизиќ: Никогаш не е лесно со Металург

Дерби

06/12/2018

11:21

871

Големина на фонт

а а а

Вардар оставри тешка победа над Металург во пресметката во СЕХА лигата, победа во која голем удел имаше талентираниот Марко Кизиќ.

Младиот голман доби шанса од тренерот Роберто Гарсија Парондо, а на теренот одговори со фантастична партија и 14 одбрани. Сосема очекувано Кизиќ беше презадоволен од своето издание поготово затоа што истото дојде против големиот ривал од Автокоманда против кого никогаш не е лесно да се дојде до целиот плен.

- Никогаш не е лесно со Металург. Фактот што бевме фаворити донесе притисок, плус не ни играа неколку играчи од првиот тим, но ние успеавме да победиме без разлика што не бевме на посакуваното ниво. Добро се подготвував за овој меч и затоа имав добра партија, - порача Кизиќ.



Спонзорирани линкови

Маркетинг