Минатиот викенд на фудбалските терени во Аргентина беше забележана неверојатна сцена – куче влета на теренот и го одбрани празниот гол.
Имено, на натпревар од понизок ранг во аргентинскиот фудбал помеѓу екипите на Јувентуд и Дефенсорес Дел Белграна куче спречи гол на Јувентуд.
Фудбалерите на Јувентуд водеа со 3:0 во моментот кога голманот на Дефенсорес ја шутна топката во еден од противничките фудбалери кој потоа одбиената топка ја шутна кон празниот гол. Но, во тој момент куче истрча на теренот и топката удри во него.