Несреќа во Јапонија: Се срушија два американски авиони...

Точка

06/12/2018

09:55

2.144

Големина на фонт

а а а

Авионите полетале од воздухопловната база на американскиот Марински корпус во Јапонија и изведувале редовна обука кога се случила несреќата, соопштија од Маринскиот корпус.

Два авиони на американскиот Марински корпус се срушија синоќа во морето во близина на брегот на Јапонија од засега непознати причини. Во несреќата загинале седум членови на екипажот на авионите, а како што соопштија од американските сили во Јапонија, операцијата за потрага и спасување траела доцна до синоќа.

Авионите полетале од воздухопловната база на Маринскиот корпус во Ивакуна и изведувале редовна обука кога дошло до несреќа, соопштија од Маринскиот корпус.


Од американските воздухопловни сили не открија премногу детали околу инцидентот кој што се случил во 2 часот наутро по јапонско време, пренесува британската новинска агенција „Ројтерс“.

Неименуван американски функционер открил дека станува збор за борбениот авион F/A 18 и авион за дополнување на гориво “KC-130”, а во двата авиони се наоѓале вкупно седум членови на посадата.


Американските медиуми засега немаат информации како дошло до несреќата, а засега ниту еден медиум не пренесува дека станува збор за некаков вид на агресија против американските сили. Накратко од Маринскиот корпус на САД во Јапонија соопштија дека веднаш била отворена истрага за инцидентот.

Од Маринскиот корпус потврдија дека јапонските авиони за потрага и спасување веднаш одговориле и пружиле помош во напорите да се пронајдат евентуално преживеани во несреќата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг