Џерард со една уникатна забелешка за контроверзниот спринт на Клоп

Дерби

05/12/2018

21:30

1.945

Големина на фонт

а а а

Јирген Клоп ја подели фудбалската јавност во Англија со својот енергичен и фуриозен спринт во моментите кога неговиот тим постигна гол за победа против Евертон во 96-та минута, бидејќи од една страна со својот потег ги освои симпатиите меѓу фановите на Ливерпул, но од друга наиде на доста негативни реакции и критички коментари.

Интересно, вчера во негова одбрана застана и менаџерот на Евертон Марко Силва, а денес оваа тема повторно ја актуелизираше Стивен Џерард кој всушност ни откри дека тој имал слична реакција како онаа на Клоп за голот на Ориги во „Мерсисајд“ дербито.

– Тој истрча 30 метри помалку од мене при славењето на голот, тоа е единствената забелешка. Ова е емотивен спорт и емотивна игра. Давате гол во дерби во 96-та минута, нормално е емоциите да ве совладаат, навистина го сфаќам тоа. Го сакам Клоп поради тоа што е, тој е реален и оригинален. Јасно дека многумина од нас бараат да имаме одговорност и да останеме најмирни што можеме, но понекогаш тоа е тешко крај аут линијата, – вели Стиви Џи.



Спонзорирани линкови

Маркетинг