Модната дизајнерка е добро позната во модните кругови, а сега направила голем чекор напред, дебитирајќи со колекција на венчаници.
Ова секако било за очекување, со оглед на тоа дека токму Макартни ја креирала втората свечена тоалета/венчаница со отворени рамена, за сопругата на принцот Хари, Меган Маркл.
Колекцијата на венчаници го носи името „Made with Love“ и се состои од седум тоалети и еден везен комбинезон (достапен во бела и црвена боја) како и смокинг во боја на слоновата коска.
Тоа што е интересно е и тоа дека на секоја венчаница има сина ознака „Made with Love“, во склад со традиционалните обичаи дека невестата за време на венчавката мора да има нешто и во сина боја.
Коментирајќи ја дебитантската колекција, Макартни рекла: „Мислам дека навистина сме благословени со емотивната доверба од жените. Тоа што таа го избира, може да биде конвенционална или неконвенционална венчаница. Тоа е личен избор. Веќе разговаравме за тоа како ќе ја изработиме оваа колекција, но навистина моравме да размислуваме и за тоа кога би бил вистинскиот момент за нас како модна куќа и ресурсите со кои располагаме. Ова беше навистина вистински момент.“
Во наредниот период се очекува во колекцијата да се вклучи и машка облека и аксесоари, а моментално е достапна за продажба во одбрани продавници на „Stella McCartney“.