Најгласни навивачи: Познатиот тенисер има прекрасна сестра која го запозна со љубовта на неговиот живот

Супермен

05/12/2018

14:44

2.683

Големина на фонт

а а а

Еден од најдобрите тенисери на денешницата, Рафаел Надал во публиката секогаш има две дами кои најгласно навиваат за него.

Станува збор за неговата девојка Марија Франциско Перељо и неговата сестра Марија Изабела Надал. Марија всушност е вистинска поддршка на нејзиниот брат на речиси сите тениски натпревари и се труди да не пропушти ниту еден негов меч. 


Покрај остатокот од семејството на трибините покрај сестрата на Надал е и неговата девојка. Двете дами одлично се согласуваат и привлекуваат внимание каде и да се појават заедно.


Инаку, Надал е во врска со симпатичната Марија од 2005 година, а ги запозна токму неговата сестра бидејќи заедно оделе во училиште.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk