Виери посочи еден помоќен тим: Овој Јувентус не е најдобар во историјата!

Дерби

05/12/2018

12:00

1.352

Големина на фонт

а а а

Јувентус делува предоминантно по одиграни 14 кола во Серија каде има биланс од 13 победи и само едно реми, а следна пречка на тимот на Масимилијано Алегри е Интер кој на хартија треба да важи како еден од главните ривали за титулата.

„Нераѕурите“ овој петок ќе му гостуваат на италијанскиот шампион во дерби пресметката со која ќе биде отворена 15-та рунда во Калчо лигата, а пред истата, со интересна изјава во јавноста излезе легендарниот Бобо Виери.

Незаборавниот напаѓач на Интер смета дека составот на Спалети има доволен капацитет за да се носи со Јувентус, па дури и да победи на гостувањето во Торино.

– Никогаш нема фаворити во еден ваков натпревар. Дерби си е дерби. Интер може да го победи Јувентус на еден натпревар, се надевам дека така и ќе биде овој петок, – истакна Виери во интервјуто за „Газета“, кое исто така го искористи за да посочи еден поранешен тим на Јувентус како подобар од овој во кој настапува и Кристијано Роналдо.

– Ова е навистина силен состав на Јувентус, но сепак не е најдобриот кој некогаш го имале. Мислам дека тимот со Тардели, Платини, Џентиле и Бониек беше најсилен во историјата, – заклучи Бобо.



Спонзорирани линкови

Маркетинг