Манчини: Интер и Наполи имаат шанса

Точка

05/12/2018

11:06

564

Големина на фонт

а а а

Селекторот на Италија и поранешниот тренер на Интер, Роберто Манчини смета дека трката за Скудетото се уште не е готова иако Јувентус има голема предност на табелата.

Роберто Манчини се огласи во пресрет на „Дербито на Италија“ – идното коло во италијанска Серија А ќе се судрат големите ривали Јувентус и Интер. Во пресрет на натпреварот, Јувентус е на првото место, додека Интер е на третото место, но Манчини сеедно смета дека борбата за Скудетото не е завршена.

„Тоа дефинитивно ќе биде прекрасен натпревар. Јувентус и Интер се два одлични тима со многу одлични играчи. Во очите на навивачите, Кристијано Роналдо и Мауро Икарди се двајцата играчи кои ќе направат разлика, а тоа веројатно ќе биде така“, изјави Манчини и додаде:

„Мислам дека на овој натпревар секој резултат е возможен. Јувентус се многу добри, а Интер од сезона во сезона расте. Дали евентуална победа на Јувентус ќе ја одлучи трката за титулата? Не, но ќе им биде многу тешко на Интер. Мислам дека и Наполи се во оваа трка. Сезоната е долга и има уште многу натпревари да се одиграат“, изјави Манчини.



Спонзорирани линкови

Маркетинг