Симболична казна за Јирген Клоп

Точка

04/12/2018

19:02

1.304

Големина на фонт

а а а

Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп денес ја дозна казната поради неговото бурно прославување на голот против Евертон минатиот викенд.

Ливерпул славеше со 1:0 во градското дерби против Евертон со голот на Ориѓи во судиското прподолжение, а голот на Белгиецот бурно беше прославен од тренерот Јирген Клоп кој што влета во теренот и славеше со голманот Алисон Бекер.

Поради тоа, од Фудбалскиот сојуз на Англија отворија истрага, по што беше донесена одлука Клоп да биде казнет со 8 илјади фунти затоа што не смеел да го слави голот на тој начин.

Јирген Клоп има право на жалба, меѓутоа Германецот претходно изјави дека ќе прифати било каква казна која што ќе му биде изречена од Фудбалскиот сојуз на Англија.



Спонзорирани линкови

Маркетинг