Ди Франческо останува на клупата на Рома: Тој не е одговорен за лошите резултати

Точка

03/12/2018

17:01

1.040

Големина на фонт

а а а

Фудбалерите на Рома синоќа ремизираа со Интер (2:2) во дербито од 14-то коло во италијанска Серија А.

Римјаните веќе подолго време се наоѓаат во резултатска криза, а синоќа во финишот на натпреварот со гол од пенал успеаа да се спасат од пораз од Интер. Навивачите на Рома не се задоволни од резултатите на клубот, а во медимите кружат гласини дека Ди Франческо наскоро би можел да добие отказ.

Сепак, после вчерашниот натпревар се огласи првиот човек на клубот, Џејмс Палота кој што јасно порача дека клубот воопшто не размислува за отказ на Ди Франческо.

„Позицијата на Ди Франческо е сигурна. Тој не е одговорен за лошите резултати оваа сезона. Се зависи од тоа како играчите се однесуваат на теренот и дали го даваат својот максимум. Ди Франческо ја врши својата работа добро, но тој не игра на нивното место на теренот“, изјави Џејмс Палота.



Спонзорирани линкови

Маркетинг