Гвардиола со коментар за Фернандињо: Ако продолжиме вака, ќе го убиеме…

Дерби

01/12/2018

16:29

2.056

Големина на фонт

а а а

Тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола даде свој коментар за еден од најискусните играчи на тимот, Фернандињо.

Бразилецот веќе е во зрели фудбалски години (33), но и покрај тоа нема пропуштено ниту еден натпревар за „граѓаните“ во Премиер лигата и Лигата на шампионите. Гвардиола се согласи дека тој мора да добие одмор во следните натпревари, но уште еднаш потврди дека нема намера да носи нов фудбалер на неговата позиција во јануарскиот преоден рок.

Фернандињо кој ќе наполни 34 години пред крајот на оваа сезона има договор со тимот на Манчестер Сити до 2020 година.

- Може да го играме на секој натпревар, но ќе го убиеме за следната сезона. Нема шанси да се случи тоа. Не можеш ставаш во игра ист играч на секои три дена. Имаме алтернативи, нашиот состав е добар и има широчина, а во него има неколку играчи кои може да играат на неколку различни позиции.

- Претходно кажав дека нема да купуваме во јануари, јас сум презадоволен со составот што го имам- коментираше Гвардиола.



Спонзорирани линкови

Маркетинг