Црн вторник на светските берзи: Акциите на технолошките гиганти на Волстрит во драстичен пад

Точка

20/11/2018

21:31

1.964

Големина на фонт

а а а

Акциите на технолошките, малопродажни, но и енергетски и индустриски претпријатија на Волстрит продолжиле денес да паѓаат, повлекувајќи го пазарот повторно во "црвено" во период од 12 месеци, а негативни резултати забележале и европските и азиски берзи.

Референтиниот индекс на Њујоршката берза "S&P 500" изгубил 45 поени или 1,7 проценти, паѓајќи на 2.645 поени, и сега е за околу 10 проценти под највисокото ниво забележано кон крајот на септември. 

Индустрискиот "Daw Jones" потонал за 568 поени, или 2,3 проценти, на 24.442 поени, а технолошкиот "Nasdaq Composit" за 184 поени, или 2,7 проценти, на 6.842 бода. Индексот на акциите на помалите претпријатија, "Russel 2000", паднал за 29 поени, или за 2.0 проценти, на 1.466 поени.

Инвеститорите го продолжиле бегството од технолошките гиганти кои со години наназад го поттикнувале растот на берзата. "Apple" паднал на дневното тргување во САД за 3,4 проценти на 179,62 долари, а "Amazon" за 3,8 проценти на 1,455 долари. Акцијата на "Microsoft" изгубила 3,9 проценти од цената, и моментално котира на 101,50 долари.

Меѓу губитниците на "Wall Street" се нашол и "Boeing", кој ослабел за 3,3 проценти на 310,43 долари. Акциите на технолошките компании исто така биле меѓу најголемите губитници во Европа.

"Nokia", голем достатвувач во телекомуникациските мрежи, регистрирал пад од 4,0 проценти, додека неговиот шведски ривал "Ericson" паднал за 3,5 проценти. Компанијата "SAP", која се занимава со изработка на бизнис софтвер потонала за повеќе од 2,0 проценти, а произведувачот на чипови "Infineon technologies" за околу 3,0 проценти.

Германскиот индекс "DAKS" го заклучил тргувањето во минус од 1.4 проценти, француски "KAK 40" паднал за 1,1 процент, а лондонски "FTSE 100" за 0,7 проценти.

На азиските пазари, токискиот индекс "Nikei 225" потонал за 1,1 процент, хонгконшки "Hang Seng" паднал за 2,0 проценти, а јужнокорејски "Kospi" за 0,9 проценти.




Спонзорирани линкови

Маркетинг