На предлог на Агенција за промоција и поддршка на туризмот, Владата ја разгледа Информацијата за основање на туристичка развојна зона – Матка, општина Сарај.
„Владата го задолжи Министерството за економија во рок од седум дена да организира состанок со Министерството за транспорт и врски, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Општина Сарај и Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот со цел да се интензивира постапката за основање на туристичка развојна зона во општина Сарај“, соопшти владината прес-служба по редовната седница на Владата.