Италијанската полиција запленила осум луксузни вили во Рим, кои се во сопственост на најозлогласениот мафијашки клан во градот.
Градоначалничката на Рим, Вирџинија Раџи изјавила дека вилите во сопственост на мафијашите Казамоника ќе бидат срушени до крајот на оваа година. "Денес е историски ден за Рим и Римјаните", изјавила Раџи.
"Ја прекинуваме повеќегодишната незаконска градба со што испраќаме моќна порака до кланот Казамоника", додала таа.
Кланот со години работел од сенка, а вниманието на јавноста го привлекол со раскошниот погреб на еден од своите кумови во 2015 година. На погребот биле фрлани листови од роза од хеликоптер, а на оградата на градската базилика биле налепени плакати на кои пишувало "Го освои Рим, сега освој го рајот".
Фамилијата Казамоника веќе со децении се поврзува со криминал во југоисточните квартови на Рим, но токму овој погреб предизвикал жестоки критики од политичарите кои побарале од правосудството да се стави крај на овој клан.
Во јуни се уапсени 33 членови на Казамоника во луксузни вили со позлатени огледала, мермерни статуи и екстравагантен, раскошен мебел.
Раџи изјавила и дека некои од запленетите вили се изградени на заштитени подрачја од археолошки интереси, а некои дури и зафаќале делови од историскиот аквадукт Феличе кој датира од 16-тиот век.
L’abbattimento delle villette dei #Casamonica, atteso da molti anni, è un ottimo segnale, e siamo solo all’inizio.
— Matteo Salvini (@matteosalvinimi) November 20, 2018
Per i delinquenti la pacchia è finita!#lamafiamifaschifo pic.twitter.com/BmVBaMuEyF
Заменик премиерот Матео Салвини, лидер на крајната десна партија Лига, ветил дека ќе ѝ се придружи на акцијата кога булдожерите ќе започнат со рушење.
"Забавата е готова", додал Салвини.