Мијалков спроведен во затворот во Шуто Оризари

Макфакс

20/11/2018

21:11

5.773

Големина на фонт

а а а

Поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков, вечерва е спроведен во истражниот затвор во Шуто Оризари поради опасност од бегство, велат извори од СЈО за „Макафакс“.

Кривичниот совет попладнево на Мијалков му ја одредил мерката притвор од 30 дена.

Од СЈО велат дека Мијалков бил приведен по нивно барање, како мерка на претпазливост за случајот „Таргет-Тврдина“.

Мијалков е третиот приведен функционер од поранешната власт по бегството на експремиерот Никола Груевски. Претходно приведени беа поранешниот генерален секретар на Владата, Кирил Божиновски, и ексминистерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески.



Спонзорирани линкови

Маркетинг