Лотито се огласи и испрати јасна порака за иднината на Милинковиќ-Савиќ: Ние ќе го продадеме само ако…

Дерби

20/11/2018

22:06

1.725

Големина на фонт

а а а

Српскиот интернационалец Сергеј Милинковиќ-Савиќ неодамна го продолжи договор со Лацио до 2023 година, но тоа не беше доволно за дел од медиумите кои и понатаму шпекулираа за неговата иднина.

Во текот на вчерашниот ден излезе веста дека Интер во основа се има договорено, односно го има подготвено патот за трансферот на популарниот СМС на „Џузепе Меаца“. Сепак колку од ова реално е точно говори последната изјавата на првиот човек на лацијалите, Клаудио Лотито кој во свој стил посочи кога ќе се одлучат на ваков чекор или поточно што треба да се случи за да се откажат од Србинот.

-Денеска е многу комплицирано еден играч да му го посвети целиот живот на еден клуб. Сепак Лацио добро си ја врши работата, нашите играчи покажуваат голема приврзаност и можеби се убедени да останат за она што го правиме на инфраструктурно ниво, со неодамнешното реновирање на нашиот тренинг центар. За жал, Лацио ја има економската моќ на Барселона и Реал Мадрид, па ако до нас дојде понуда која ја добивате еднаш во животот, тоа ќе биде проблем за нас, -порача Лотито.



Спонзорирани линкови

Маркетинг