Шпанскиот шампион Барселона низ изминативе години имаше низа на неуспешни обиде за да дојде до дел од играчите на Пари Сен Жермен како Тијаго Силва, Маркињос, Марко Верати и Анхел Ди Марија, но се чини дека сега конечно ја проби бариерата и ќе дојде до потпис со еден важен член на „светците“.
Реномираниот шпански медиум „Мундо Депортиво“ пренесува дека 23-годишниот Адриен Рабио е пред преселба на „Камп Ноу“, трансфер кој го посакува самиот фудбалер. Неговиот договор истекува на крајот на тековнава сезона, а преговорите за продолжување на соработката не одат во посакуван правец, па затоа голем број на гигнати ја следат ситуацијата и се обидуваат истата да ја искористат.
Меѓутоа ако се точни информациите на „Мундо Депортиво“, тимот на Барселона е во пол позиција и веќе начелно се има договорено со Рабио кој ќе пристигне без обештетување, ама за својот потпис и одлука ќе добие дополнителен бонус.
Французинот е задоволен од понудените услови и проектот кој му го нуди Барса и затоа тој и неговиот табор дал „зелено светло“ за оваа зделка. Сепак засега нема ништо официјално, односно сите страни се пазат затоа што до 1 јануари Адриен не може да преговара или да потпишува преддоговор со други клубови.
Од друга страна и Барселона е внимателна по случаите со Гризман и Себалјос, поточно се додека официјално не се заврши и потпише не сака предвреме да се радува за зделката.