„Војводо“, „маченику“, „Само напрет прецедатале“ – Лавина коментари на „Фејсбук“ по објавата на Груевски

Макфакс

20/11/2018

17:37

9.260

Големина на фонт

а а а

Лавина реакции под најновата објава на статусот на „Фејсбук“ на избеганиот експремиер Никола Груевски во Унгарија.

Откако на социјалната мрежа Груевски го објави неговиот најнов статус, за 1 час веќе има над 600 коментари и над 400 споделувања. Најголемиот дел од нив го поздравуваат потегот на Унгарија да му додели азил на Груевски.

Граѓани под објавата на Груевски напишаа: „Ќе ве чекаме да поминете триумфално, победнички низ порта Македонија. Поздрав, борбата за македонската кауза не запира“; „Еден и единствен маченик, затоа што ја градеше Македонија. Овие удбашиве само злоба имаат во себе, но сè има крај. Ти си спасителот на Македoнија“; „Поздрав, војводо наш. Биди жив и здрав. Имаш поддршка од сите нас. Вистински човек за Македонија“; „Бог да е со вас Шефе! Ќе издржиш и ти како и ние Македонците против оваа хунта, се гледаме наскоро!“; „Од Унгарија и се очекуваше ваква одлука бидејки станува збор за правна држава, држава во која се почитуваат законите! Да сте здрав и жив! Борбата за македонската кауза продолжува!“…

Во мноштвото коментари под објавата пишува: „Господинот Груевски и политички азил доби, а ХУНТАТА и Зајакот уште го барат по гаражи и подруми!“; „Напред војводо и Господ да е со тебе. Баба Ванѓа и Нострадамус кажале дека Еден човек ќе биде шо ќе ја спаси Македонија“; „Секоја чес прецедателе и јас доваѓам да барам азил нема живот во Македонија додека се овие“; „Само напрет прецедателе, ќе му дојди крајот на овие од СДС шо водат погубна политика за Македонија и македонскиот народ“…

Помал дел од коментарите се иронични и со сарказам за азилантскиот статус и бегството на Груевски: „Голема чест е што најбогатиот азилант потекнува од Македонија. Денов ќе го земеме како куќна слава“. „Ова ли е примерот што треба да го следиме ние Македонците? Брука, срам, беда, мизерија…“; „Tи си тој лопов што ја донесе државата, па избега и ги предаде сите твои колеги“; „Гледам имате слободно време па си толку голем текст напишал да средам работа фасадер 5 евра од саат пиши ми знам тешко е и досадно издржиии“…



Спонзорирани линкови

Маркетинг