Гренланд: Еден целосно поразличен вид на зимување

Точка

20/11/2018

16:44

3.119

Големина на фонт

а а а

Гренланд е дестинација која сигурно не е прв избор кога станува збор за одмор или посета на некоја дестинација. Но ледените брегови, сафари со китови и буквално "најкул" сместувањето на планетата, го прават Гренланд дестинација за која оние кои се желни за нови видови на зимување, дефинитивно треба да размислат.

Гренланд е сирова и мирна земја. 80 проценти од Гренланд е прекриен со мраз. Го посетуваат 60.000 туристи годишно, што е многу малку во споредба со соседен Исланд, каде одат 1,8 милиони туристи секоја година. 

На Гренланд ќе се чувствувате како да сте изместени од реалниот живот, и тоа не само поради географската положба. Земјата сама по себе е многу мистериозна, бајковита дестинација на која совршените санти мраз се наредени така што прават една од оние "#nofilter" фотографии.

Китовите излегуваат од вода, ја отвораат устата најмногу што можат и се подготвуваат за улов. Волови шетаат по арктичките терени, на еден метар од вашата пешачка патека. Селаните ги отвораат своите домови за кафе и традиционални колачи.

Најважното прашање е - како најдобро да се поврзете со јадрото на Гренланд.

Новите туристички цели се засноваат на премисата колку поблиску сте до мразот, толку помаѓепсани сте од оваа земја. Само 25 километри од центарот на Гренланд, Кангерлусуак, се наоѓа Глечерски камп, поточно едно од ретките места во светот каде можете да искусите луксузен одмор во близина на тие ледници. Се протегаат на 60 метри, а величенствениот глечер Расел со убавината ги освојува сите можни сетила. Без wi-fi сигнал и на температура која го соборува енергетскиот систем толку брзо, тука ќе доживеете вистинска детоксикација. Совршената тишина може да ја уништи само само минување на говеда, елени или арктички зајци.

Речиси 90 проценти од гренландската популација ја сочинуваат Инуити кои остриот пејзаж на Гренланд го нарекуваат свој дом со векови. Се зборува дека се во состојба да ја одредат температурата така што го слушаат пукањето на снегот под нозете.

Меѓутоа, вистинскиот Гренланд ќе го видите кога ќе се прошетате во Илулисат, град совршен за фотографирање. Со помалку од 5.000 жители одлично е прооден, а неговите згради се обоени во сите бои - тоа шаренило изгледа како деца тука да направиле колонија од лего коцки. Благодарение на ледените брегови и китовите кои го населуваат заливот Диско, овој град привлекува најмногу туристи.




Спонзорирани линкови

Маркетинг