Познатиот новинар упати порака до радикалните феминистки и истакна дека Ким Кардашијан и Емили Ратајковски се жени кои го продаваат своето тело

Точка

20/11/2018

16:45

4.618

Големина на фонт

а а а

"Јас сум маж. Да на Меѓународниот ден на мажите 2018 се идентификувам со биолошкиот пол со кој сум роден", ја започна својата колумна за Дејли Меил, британскиот водител и колумнист Пирс Морган.

"Морам нешто да признаам. Не ми е лесно и долго собирав храброст за тоа. Сфаќам дека со она што планирам да го признаам ќе станам мета на исмевање. Ќе ме навредувате, злоставувате и напаѓате. Но, тоа што го рекол Винстон Черчил е чиста вистина: "Имате непријатели? Добро. Тоа значи дека сте се бореле за нешто некогаш во животот".

Како што вели, со самото признавање доволно е да се стане маченик во општеството овие дена, но тоа не е најлошиот ден. 


"Јас сум маж кој е горд што е маж и кој сака да биде мажествен. Жал ми е. Сфаќам дека тоа е ужасно да се каже и можам само најискрено да им се извинам на сите радиклани феминитски кои ќе експлодираат од бес кога ќе го прочитаат ова", напиша тој.


"Мажественоста едноставно значи да имате квалитети или изглед кои традиционално се поврзуваат со мажите. Тоа е тоа, не е ништо лошо. Но, благодарејќи на жените кои ги преземаа движењата #MeToo и #TimesUp за да ја осигураат својата омраза кон мажите, мажественоста стана нешто контроверзно и омразувано. Денес невозможно е да се биде мажествен, а да не Ве обвини некој дека сте токсично мажествен. Дури и Принцот Совршен кој ја ослободува Пепелашка од пеколот и ѝ дава среќен живот е зло кое треба да се исчисти од општеството, кое го предводуваат Кира Најтли и други ултрафеминистки во оклоп на политичките конкретности. Пепелашка чека богат човек да ја спаси. Не, спаси се сама", вели Морган.

"Една од најлошите работи кои радикалните феминистки ги прават е тоа што вршат напад на слаби мажи кои ги одработуваат нивните битки. Се пошегував на Твитер: "Среќен меѓународен ден на мажите. Бидете силни жени, уште не сме станале илегални". Поголемиот дел од луѓето реагирале онака како што очекував, со смеа. На некои тоа не им беше забавно, па ме нападнаа поради мојата "токсична мажественост". Еден маж по име Бокс Браун со верифициран профил на кој пишува дека е карикатурист за Њујорк Тајмс ми напиша: "Умри". Колку лицемерно, тој мал кловн ме нападна поради агресивна мажественост, но такашто ми вели дека сака да сум мртов", додаде Морган.

Пирс исто така наведе дека жените како Ким Кардашијан и Емили Ратајковски заработуваат такашто се соблекуваат голи, а всушност само го продаваат своето тело.



Спонзорирани линкови

Маркетинг