Пет незабележителни симптоми на дијабетес

Точка

20/11/2018

16:28

4.273

Големина на фонт

а а а

Постојат одредени потреби на нашиот организам, кои, доколку се зачестат, покажуваат дека нешто не е како што треба. Нашето тело и организам ни испраќаат јасна порака кога нешто не е во ред, за да реагираме навреме и да посетиме доктор.

Ова се „тивките“ симптоми, поради кои би требало веднаш да консултираме доктор.

1. Зачестено мокрење

Доколку имате дијабетес, телото потешко ги раствора шеќерите, поради што имате зголемено ниво на шеќер во крвта. Телото тежнее да се ослободи од вишокот, преку мокрача. Ноќите се особено непријатни, бидејќи се будите по неколку пати. Доколку го имате овој проблем, веднаш консултирајте доктор.


2. Постојана жед

Доколку постојано сте жедни, секогаш пијте вода, додека не бидете сигурни дека немате дијабетес, бидејќи, доколку жедта е симптом на дијабетес, соковите со засладувач можат само да ви наштетат.

3. Нагло губите тежина

Голем дел калории се трошат преку уринирање, а организмот не може да ги апсорбира сите потребни хранливи материи од шеќерот, па затоа може нагло да ослабнете.


4. Постојано сте уморни

Заморот кој не престанува, сигнализира дека храната која ја јадете не се генерира. На вашето тело му недостасува „основно активирање“ и затоа се чувствувате уморно и лошо.

5. Раните потешко ви зараснуваат

Имунолошкиот систем и останатите процеси во нашето тело не функционираат нормално, кога количината на шеќерот во телото е висока.


Доколку ги препознаете кај себе овие промени, задолжително посетете доктор.




Спонзорирани линкови

Маркетинг