Хејли Болдвин го испишала своето ново презиме на јакната

Кармин

20/11/2018

14:54

1.543

Големина на фонт

а а а

Манекенката Хејли Болдвин неодамна на својот Инстаграм профил го променила своето презиме во Бибер и со тоа потврдила дека таа и Џастин навистина се во брак.

Но, изгледа дека ништо не е официјално додека своето ново презиме не го извезете на некое парче облека, барем ако ја прашувате Хејли.

Имено, манекенката на свеченото отворање на новата продавница на „Levi's“ во Њујорк, се појавила во јакна на која имало голем натпис „Бибер“, на грбот.

Персонализираната јакна Хејли ја добила како амбасадорка на споменатиот бренд и не е вклучена во регуларната понуда, туку е направена специјално за госпоѓа Бибер.




Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk