Златен круг: Најспектакуларниот дел од Земјата, Огнот и Мразот!

Точка

20/11/2018

15:03

3.433

Големина на фонт

а а а

Златниот круг е рута долга 300 километри, која помеѓу сè води до трите најпопуларни природни атракции во Исланд. Посетата на земјата на глечери, гејзери и џуџињата е на листата на многу љубители на патувањето и тоа со големо право.

Вулкани, извори со топла вода, гејзери и неверојатната глетка на Аурора Бореалис се само некои од прекрасните глетки со кои Исланд ги пречекува своите гости. Некои од природните феномени можете да ги поминете по пат на рутата Златен круг - најпознатата исландска туристичка рута. 


300 километри убавина


Златниот круг е рута долга 300 километри која Ве води до 3 најпопуларни природни атракции во Исланд: геотермалното подрачје во Хаукадалуру, водопадите Галфос и Националниот парк Тингвелир. И додека поларната светлина може да ја погледнете од почетокот на септември до крајот на април, оваа природна убавина можете да ја посетите во текот на целата година, а Златниот круг е одличен избор доколку не можете да издвоите повеќе дена за истражување, бидејќи во оваа рута спаѓаат најубавите исландски видици.

Ерупција на гејзери на секои 6-10 минути


Една од првите станици е геотермалното подрачје во Хаукадалуру, каде се наоѓаат гејзерите Гејзир и Строкар. Гејзир е еден од најпознатите гејзери во Европа, по кој настана и самиот назив за оваа појава. Гејзерот Строкар се наоѓа исто во близина и еруптира на секои 6-10 минути и достигнува висина до 40 метри.

Магичните водопади Галфос


Магичен и висок 32 метри се влева во реката Хвита и е еден од најубавите водопади во Исланд. Поделен е на два степенести дела од кои пократкиот е 11 метри, а подолгиот 21 метар. Се наоѓа во прекрасниот кањон со високи ѕидови од 70 метри, од каде што се овозможува незаборавен поглед кон водопадите.

Еден од 3 национални паркови


Иако официјално постојат 3 Национални паркови, посетителите велат дека постои еден голем национален парк Тингвелир, кој исто така е на листата на УНЕСКО. Сувите полиња покриени со мов и други пејзажи се обликувани со вода и се опкружени со антички планински врвови. Посебен е од многу причини, како фактот дека станува збор за место каде се разделуваат две тектонски плочи-евроазиска и северноамериканска. Сите кои ќе го посетат се воодушевени со неговата убавина.




Спонзорирани линкови

Маркетинг