Парис Хилтон ја раскинала веридбата и се збогувала од големиот дијамантски прстен

Точка

20/11/2018

14:07

3.756

Големина на фонт

а а а

Парис Хилтон на почетокот на годината се вереше со актерот Крис Зилк, но изгледа дека нема да има венчавка, бидејќи раскинале.

Да потсетиме, Крис ја запросил за време на заедничкото зимување на Алпите, со прстен со голем дијамант, чија вредност била проценета за 2 милиони долари. Парис тогаш објавила и видео од запросувањето, кое сега сепак го избришала од својот Инстаграм профил.

View this post on Instagram

#GoldenGirl ❄️???‍♀️?❄️

A post shared by Paris Hilton (@parishilton) on

Откако го добила, Парис ја користела секоја прилика за да се пофали со скапиот прстен, но сега морала да се збогува и од него.


„Парис и Крис раскинаа пред неколку недели, бидејќи сфатиле дека не се еден за друг“, открил извор близок на богаташката, за магазинот „People“. Друг извор, за порталот „Just Jared“ ја потврдил веста дека раскинале и додал дека после две години врска, помеѓу нив повеќе нема страст.


Нивната врска била откриена во 2017-та година, а Крис ја запросил Парис само една година подоцна. Но, иако на секој црвен тепих на кој ќе се појавеа, изгледаа многу заљубено и среќно, изгледа дека сето тоа било само претстава за јавноста. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг